Почина македонскиот кошаркарски тренер Лазар Лечиќ

На 85 годишна возраст почина македонскиот кошаркарски тренер Лазар Лечиќ.

Лечиќ се смета за еден од основоположниците на кошарката во независна Македонија.

Тој работеше во Работнички, МЗТ Скопје, Никол ферт, а беше тренер и во Србија (Борац Чачак и Војводина), Словенија (Олимпија Љубљана) и Грција (Арис). Беше дел и од стручниот штаб на југословенската репрезентација која во 1970 ја освои светската шампионска титула.

Во 2015 година ја доби државната награда „8 Септември“ а минатата година тогашниот претседател Стево Пендаровски го одликуваше со „Медал за заслуги на Република Северна Македонија“.

Погребот на Лазар Лечиќ ќе биде утре на гробиштата во Бутел.