На 83 години почина актерот Марк Марголис, ветеранот на сериите „Breaking Bad“ и „Better Call Saul“, пишува „Би-Би-Си“.
Марголис беше најпознат по улогата на Хектор Саламанка во двете серии, каде играше член на нарко картел во количка по мозочен удар.
Неговиот син изјавил дека по кратко боледување починал во четвртокот болница во Њујорк.
Марголис исто така имаше улоги во филмовите „Scarface“ и „Ace Ventura: Pet Detecitve“ и „ХБО“ серијата „Oz“.
Во улогата на Саламанка, за која доби Еми номинација, Марголис толкуваше насилен криминалец кој не може да зборува и користи само ѕвонче и изрази на лицето за комуникација.
„Ние се приклучуваме кон милионите фанови во жалењето неверојатно талентираниот Марк Марголис кој со неговите очи, ѕвонче и многу малку зборови го претвори Хектор Саламанка во еден од најнезаборавните улоги во историјата на телевизиската серија“, напишаа од официјалниот профил на „Breaking Bad“ на Фејсбук.