Почина модниот дизајнер Вирџил Абло

Во соопштение објавено од модната куќа „Луи Витон“, светот се информираше за смртта на модниот дизајнер Вирџил Абло, уметничкиот директор на „Луи Витон“ и креаторот на модниот бренд „Оф-вајт“.

Абло починал на четириесет и една година. Тој долго време приватно се борел со редок и агресивен вид на рак.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @virgilabloh

На приватниот профил на Абло исто така беше објавено соопштение за смртта на дизајнерот. Според објавата, тој бил дијагностициран со болеста во 2019 година.

„Преку неговата работна етика, постојана љубопитност и оптимизам, Вирџил имаше мисија да отвори врати за сите и да создаде услови за поголема еднаквост во уметноста и дизајнот. Тој често велеше „Сè што правам е за да ја задоволам мојата седумнаесетгодишна верзија“. Ви благодариме на сите за љубовта и поддршката и ве замолуваме за приватност додека го жалиме и славиме животот на Вирџил“, се вели во соопштението.