По кратко боледување, денеска на 42-годишна возраст почина новинарот Ѓорѓи Томиќ, соопшти Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ).
„Томиќ беше дел од редакцијата на Канал 5 телевизија речиси 13 години, од 2007 до 2018 година, каде што работеше како уредник во информативната редакција. Во текот на својата професионална новинарска кариера, колегата Томиќ ги следеше настаните од надворешната политика“, соопштија од ЗНМ.
Томиќ бил член и на Здружението на новинари на Македонија од каде изразија длабоко жалење и сочувство до семејството и пријателите.