По подолго боледување, вчера почина новинарот Тодор Пендаров, соопшти Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ).
Пендаров имаше завршено студии по политикологија на Универзитетот во Љубљана, а потоа работеше како новинар и уредник во Радио Скопје. Во својата долгогодишна кариера како новинар беше дописник и од Словенија, а потоа и советник за односи со јавност во македонскиот парламент.
Од ЗНМ додаваат дека Пендаров бил одличен познавач на внатрешната политика, искрен и ценет пријател и критичар.