Поранешниот лидер на Римокатоличката црква, папата Бенедикт XVI починал во неговата резиденција во Ватикан на 95 години, речиси една деценија откако се повлече од функцијата поради нарушено здравје.
Тој ја водеше Црквата осум години до 2013 година, кога стана првиот папа кој поднесе оставка од Грегори XII во 1415 година.
Бенедикт ги помина последните години во манастир во рамките на Ватикан, каде често бил посетуван од неговиот наследник, папата Францис.
„Со жал информираме дека поранешниот папа, Бенедикт XVI, почина денеска во 9:34 часот во Манастирот на мајката црква“, соопштија од Ватикан.
Иако подолг период поранешниот поглавар на Римокатоличката црква беше во лошо здравје, неговата состојба се влошила последниве месеци. Во средата папата Франциск во своето новогодишно обраќање побара посебна молитва за Бенедикт, за кој кажа дека е многу болен.
Роден како Јозеф Рацингер во Германија, Бенедикт имаше 78 години кога во 2005 година беше прогласен за еден од највозрасните папи избран дотогаш. Во најголемиот дел од неговата служба Католичката црква се соочуваше со обвинувања, тужби и наводи за случаи на злоупотреби на деца од свештеници со децении.