Почина Реј Манзарек

Реј Манзарек, еден од основачите на групата The Doors и еден од највлијателните рок музичари на сите времиња почина вчера на 74-годишна возраст. Тој подолго време боледуваше од рак на жолчката, аr-i-p-ray-manzarek-of-the-doors-0 последните моменти ги помина со својата жена Дороти Манзарек и неговите двајца браќа Рик и Џејмс.

Манзарек потекнува од јужниот дел на Чикаго. Одлучил да студира кинематографија на Универзитетот Калифорнија, каде во 1963 се среќава со тогаш поетот Џим Морисон. Две години подоцна ги создаваат The Doors.

Во годините што следуваа, The Doors станаа еден од најконтроверзните бендови. Продадоа повеќе од 100 милиони примероци од нивните албуми низ целиот свет, а само во Америка албумите станаа 19 пати златни, 14 платинумски и петпати мулти-платинумски.

По смртта на Морисон во 1971 година, Реј го напиша бестселерот Light my Fire – My life with the Doors и во годините што следуваа доби и номинација за Греми.

Роби Кригер, гитаристот на Doors, изјави:

„Многу се натажив денеска кога дознав за смртта на мојот пријател и колега Реј Манзарек. Преголемо задоволство ми претставуваше што изминативе 10 години заедно ги свиревме песните од Doors. Реј беше голем дел од мојот живот и секогаш ќе ми недостига“.

„L.A.Woman“, „Break On Through to the Other Side“, „The End”, „Light my Fire“ и многу други се дел од нивните легендарни синглови.

Неколку познати личности твитнаа во моментите кога ја дознаа веста:


 

 

 

Николај Митрески