Роџер Корман, сценаристот и режисерот кој помогна да се создадат нискобуџетните класици како „Мала продавница на ужаси“ и „Нападот на чудовишните ракови“ и кој им ги даде првите шанси на многу од најпознатите холивудски актери и режисери, почина на 98-годишна возраст.
Корман почина во четвртокот во неговиот дом во Санта Моника, Калифорнија, соопшти неговата ќерка вчера.
„Тој беше дарежлив, со отворено срце и љубезен кон сите кои го знаеја. Кога го прашаа како сака да биде запаметен, тој одговори: ‘Јас бев само филмаџија’“, се вели во соопштението од неговото семејство.
Во текот на кариерата долга повеќе од 60 години, Корман разви евтин и весел стил што водеше до тоа да го наречат „крал на Б-филмовите“. Неговите филмови беа забележани по нивните нискобуџетни специјални ефекти и наслови кои привлекуваат внимание. Исто така, тој одигра значајна улога во развивање на талентот на реномирани режисери како Џејмс Камерон и Мартин Скорсезе како и во започнувањето на кариерите на Питер Фонда, Роберт де Ниро и Сандра Булок.
Иако речиси сите од филмовите на Корман се стремеше кон жанрот со низок буџет, не беше имун од критичките признанија. Меѓу 1959 и 1964 година тој режираше добро прифатена серија на филмови базирани на расказите на Едгар Алан По, особено со филмот „Бунарот и нишалото“.
„Роџер, по грешка ќе направеше и добар филм одвреме-навреме“, изјави Џек Николсон за неговиот соработник.
Корман ја прекина својата режисерска кариера кратко по пензионирањето во 1971 година. Тој се врати на режисерското столче за филмот „Франкенштајн неврзан“ во 1990, иако претежно работеше како продуцент. Тој исто така, повремено се појавуваше во актерски улоги, често во филмовите на режисери кои ги има менторирано. Се појави во вториот дел на филмот „Кум“ на Копола и во „Кога јагнињата ќе стивнат“ на Деми.