Рок легендата Дејвид Крозби почина на 81 годишна возраст, јави „Гардијан“.
Пеачот, гитарист и текстописец беше дел од оригиналната постава на „Бирдс“ каде сними пет албуми, вклучувајќи ја и преработката на „Mr Tambourine Man“ од Боб Дилан што стана голем хит.
Неговата сопруга за „Варајети“ изјавила дека починал по долго боледување.
Крозби беше и основач на фолк рок групите „Крозби, Стилс енд Неш“ заедно со Стивен Стилс и Грахам Неш.
Синот на кинематограферот и оскаровец Флојд Крозби, својата музичка кариера ја започнал по завршувањето на средно училиште во Лос Анџелес. Својот прв соло албум „If I could only remmeber my name“ го издаде во 1971 година, а подоцна во 80-те и 90-те објави уште неколку албуми пред да направи 20 години пауза од својата кариера.
Крозби беше два пати примен во Куќата на славните на рокенролот, а петте албуми во кои има соработувано беа вклучени во листата на списанието „Ролинг Стоун“ за 500 најдобри албуми на сите времиња.