Жалост во светот на гејмерите откако беше соопштено дека на 55 годишна возраст од рак почина Сатору Ивата (Satoru Iwata), директорот на јапонскиот производител на видеоигри„Нинтендо“. Како што јавуваат светските медиуми, Ивата минатата година бил подложен на хируршки зафат, за по краткиот период на закрепнување да продолжи со секојдневните должности.
Тој почна да раководи со култната јапонска компанија во 2000 година, кога беа развиени и произведени DS и Wii, двете најуспешни и најпродавани конзоли на Нинтендо. Во поново време, тој конечно ја насочи компанијата кон мобилни игри, нешто во што беа бавни останатите „гејмерски“ гиганти.
Сепак се чини дека тој ќе биде главно запаметен како човекот кој успеа да го зачувани уникатниот карактер на „Нинтендо“ како бренд и компанија, кој редовно панели во кои зборуваше за идните поекти на компанијата.
Откако беше направен ликот на Супер Марио, во една од најпопуларните видеоигри во 1980-те години, интересот на публиката за овој тип забава почна да опаѓа. По падот кон крајот на деведесетите, „Нинтендо“ повторно стана сериозен гигант на пазарот со доаѓањето на Сатору Ивата.