Ко-креаторот на Спајдермен, Стив Дитко, почина на 90 годишна возраст во неговиот стан во Њујорк, соопштила полицијата.
Дитко стана славен за неговата работа во Марвел Комикс во 1960-тите години, кога заедно со директорот на компанијата, Стен Ли, го создадоа каракторот на Спајдермен.
Ли дошол на идејата за млад суперхерој со надчовечки моќи на пајак, додека Дитко бил човекот со идеја за легендарниот костим во сина и црвена боја и механизмот за испуштање пајажина на зглобовите.
Дитко ја напуштил компанијата во 1966 по несогласување со Стен Ли и преминал во Ди-Си Комикс каде го создал суперхеројот Крипер.
Тој во текот на целиот свој живот избегнувал публицитет и одбил да се појави во документарецот „Во потрага по Стив Дитко“ на ББЦ од 2007-ма година. Презентерот на филмот, Џонатан Рос, кој се сретнал со Дитко за време на изработката на документарецот го опишал како „најголемиот стрип уметник и креатор на сите времиња“.
Почит за работата на Дитко покажуваат голем број фанови на социјалните мрежи, додека писателот Нил Гејман на Твитер напиша дека Дитко секогаш ги задржал своите идеали, овозможувајќи им уникатни погледи на работите на неговата публика.
Steve Ditko was true to his own ideals. He saw things his own way, and he gave us ways of seeing that were unique. Often copied. Never equalled. I know I’m a different person because he was in the world. pic.twitter.com/2GFSA86Btj
— Neil Gaiman (@neilhimself) July 7, 2018
„Често беше копиран, но никогаш не беше надминат. Знам дека сум поинаква личност поради тоа што тој постоеше“, напиша Гејман.
Peak Ditko- pic.twitter.com/jaDAUXgyQd
— Guillermo del Toro (@RealGDT) July 7, 2018
Goodbye Steve Ditko pic.twitter.com/DXAkw8BQIk
— Scott Derrickson (@scottderrickson) July 6, 2018