Во Домот на АРМ во Струмица синоќа започна 43-тото издание на Државниот фестивал на непрофесионалниот филм „Струмица 2014“, на кој во официјалниот дел ќе бидат прикажани 17 од вкупно пристигнатите 35 филмови.
Според претседателот на Филмскиот сојуз на Македонија, Сашо Дукоски, Фестивалот и годинава е место каде младите автори на непрофесионалниот филм имаат можност прикажат своите дела.
Носител на годинашното Град-при на Државниот фестивал на непрофесионален филм „Струмица 2014“ е Светислав Подлешанов, автор на филмот „Essence Voyage“. Стручното жири на фестивалот додели и пет Златни плакети и тоа: во категоријата документарен филм на Бојан Мирчески за филмот „Театарот“, во категоријата игран филм на филмот „Во темнината“ на Кирил Каракаш, во категоријата едноминутен филм на филмот „Бугарија“ на Анастасија Бошковска, во категоријата експеримен-тален на филмот „ASCEND“ на Светислав Подлешанов и во категоријата цртани филмови на „Тажната приказна на младата девојка“ од група автори.
Првонаградените филмови од 43-от ДФНФ „Струмица 2014“ ќе ја претставуваат Македонија на 76-от Фестивал на UNICA, кој во август ќе се одржи во Братилсава, Словачка.