На 30-ти март започна со снимање на краткометражниот филм со работен наслов „Долу од рајот“ на младиот македонски режисер Саша Станишиќ. Филмот ќе се снима на локации во Битола по сценарио на Кристина Христова-Николова.
Ова е трет краткометражен филм на Саша Станишиќ, по филмовите „Митот за Сара“ и „Скопје Ремиксд (Мангава Диско Панк)“.
Главните улоги во филмот ги играат: Ана Ошафкова, Зоран Бојаровски, Кристина Христова-Николова, Соња Ошафкова.
Директор на фотографија е Горан Наумовски, сценограф Влатко Зафирковски, костимограф Бурим Муслиу. Филмот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Р. Македонија, Националниот филмски центар на Бугарија и СЕЕ Синема Нетворк.