Во депото на Македонски железници во Скопје денеска почна снимањето на долгометражниот игран филм „Тајната состојка“ по сценарио и во режија на Ѓорче Ставрески.
Трагикомичната приказна за еден млад човек кој сака да му помогне на својот татко ќе се снима во следните шест недели на повеќе локации во Скопје депото на Железница, кампот на езерото Треска, стан во населбата Автокоманда, Луна парк итн.
Главните улоги во филмот ги толкуваат Благој Веселинов и Анастас Тановски. Директор на фотографија е Дејан Димески, сценограф Симо Бранов, костимограф Раде Василев, а композитор Бранислав Николов. Продуценти на филмот се Емилија Чочкова и Ѓорче Ставрески.
Филмот „Тајната состојка“ е во продукција на „Фрагмент филм“ и веќе во фазата на развој освои повеќе домашни и меѓународни награди.
„Тајната состојка“е дебитантско долгометражно остварување на Ставрески и е поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија.