Со стартот на новата година, од 1 јануари во Швајцарија стапија на сила новите закони со кои се забранува носењето бурка, а притоа почнуваат да важат и законите за борба против детските бракови, зајакнувањето на обновлиците извори на енергија и спречување на банкротирање на големите банки, пренесува „Свисинфо“.
Според државниот закон за покривање на лицата на јавно место, прекршувањата ќе се казнат со парична казна до 1.000 швајцарски франци.
Швајцарија е шеста европска земја во која има ваква забрана, вклучувајќи ги соседните Франција и Австрија.
Оваа „анти-бурка“ иницијатива беше одобрена од 51,2 отсто од швајцарските гласачи во март 2021 година.
Исклучоците од законот вклучуваат покривање на лицето од безбедносни, временски или здравствени причини. Бурките би биле дозволени и на уметнички и забавни основи, но и за рекламирање.