Амбасадата на Италија во соработка со Кинотеката на Македонија од денеска до 25 март ја организира 15. филмска ревија „Прозорец кон италијанскиот филм”.
До вторник во Кинотеката ќе има по две проекции на современи италијански филмови, во термините од 20 и од 22 часот. Ќе бидат прикажани две драми и две комедии од најновата продукција, кои третираат теми за актуелната состојба во италијанското општество и прашања кои го засегаат современиот човек.
На вечерашното отворање на фестивалот ќе биде прикажан филмот „Добредојдовте претседателе“, а во наредните три дена и насловите: „Совршен ден“, „Ќе се вратам“ и „Мелем“.
Филмовите се титлувани на македонски јазик. Влезниците може да се купат на билетарницата на Кинотеката по цена од 50 денари и 25 денари за студенти.