За студентите на државните универзитети денеска почнува новата учебна 2014/2015 година. Првиот академски час свечено ќе биде одбележан на факултетите.
На петте јавни универзитети, во Скопје, Битола, Тетово, Штип и Охрид, оваа година беа слободни 24.121 места за нови студенти, од кои 10.048 на Универзитетот во Скопје.
На Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола (УКЛО) имаше 3.595, на Државниот универзитет во Тетово (ДУТ), 5.310 места, на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип (УГД) 4.728 места, а на Универзитетот за информатички науки и технологија „Св. Апостол Павле“ во Охрид 440 слободни места.
За упис во прва година на државните универзитети имаше два рока – во август и во септември. Факултетите на УКИМ на кои се уште има места ќе запишуваат студенти и утре.