Бошњачката културна заедница во Република Македонија ја организира петтата меѓународна балканска изложба „МОСТ“ во Културно-информативниот центар.
На изложбата, која ќе биде отворена во 19 часот, ќе се претстават автори – сликари од Турција и од Македонија.
Промотори на нивните дела ќе бидат Фехим Хусковиќ од Факултетот за ликовни уметности во Скопје и професорот по историја на уметност Џемил Бектовиќ од Интернационалниот балкански универзитет.