Дванаесетото издание на скопскиот пивски фестивал „Пиволенд’, оваа година ќе трае три дена, од 21 до 23 септември.
На паркингот пред спортската сала Борис Трајковски, организаторите најавуваат широка лепеза на домашни и странски брендови на индустриски пива, како и многу различни домашни крафт (занаетчиски) пивски брендови.
На трите фестивалски дена музичката програма ќе започнува во 18 часот и ќе трае до раните утрински часови, а од „Пиволенд“ посочуваат дека наскоро ќе бидат објавени учесниците и музичарите кои ќе настапуваат оваа година.
Од организаторите на фестивалот доаѓа и апел до посетителите да конзумираат одговорно, да избегнуваат користење на моторни возила како и да го почитуваат долгогодишното мото: „Дојди, види, испиј“.