Група млади луѓе од Турција кои студираат во Штип денеска го изразиja својот револт од активностите на џихадистите на Исламска држава во Сирија и Ирак. Како што јавува НОВА ТВ, студентите сметаат дека по 27 дена отпор, време е и турската држава и светот да им помогнат на невините жртви во сирискиот градот Кобане.
„Денеска е 27 ден од отпорот во Кобане, не се засегнати само Курдите туку сиот народ што живее таму, Турци, Арапи, Изиди. Причина што денес сме тука е да им одадеме почит на сите загинати, сакаме и светските медиуми да стават поголем акцент на овие случувања. Терористичката група ИСИС дава лоша слика за исламот што не е точна. Секој ден умираат илјадници невини луѓе, време и турската држава заедно светот да каже стоп за овие случувања“, рече Нерул Аким.
Градот Кобане кој е во непосредна близина на турската границата е населен главно со Курди и е цел на радикалните исламисти кои веќе имаат освоено 40 % од него.
Извор: НОВА ТВ