ЛГБТ-активисти од Македонија беа специјални гости на традиционалната Парада на гордоста во Брисел, со која вчера (18 мај) заврши двонеделниот Pride Festival во белгискиот главен град. Активисти од целиот свет изразуваат поддршка на борбата за видливост и еднаквост на ЛГБТ популацијата во Македонија. Парадата на гордоста во Брисел годинава ја посетиле над 80.000 луѓе, што е за 10.000 повеќе од минатата година.