[Подкаст] Агелер: За статусот на ЛГБТИ заедницата и инклузијата придонесуваме преку разни програми, но најважно е јавно да зборуваме за тоа

Американската амбасадорка Ангела Агелер и водителот и новинар Огнен Јанески во студиото на Радио МОФ разговараат за потребата од вклучување на маргинализираните групи во општествените процеси, како современата дипломатија може да го подобри статусот на ЛГБТИ заедницата и како САД придонесува ова. Амбасадорката открива кои се најголемите предизвици со кои се соочила како дипломатка во областа на маргинализацијата во земјите со различни култури како и за тоа колку е важна улогата на лидерите и дипломатите за справување со нееднаквостите во општеството.

„Жените се маргинализирани уште од самиот почеток на времето и има многу заедници каде тоа се’ уште се случува и борбата на глобално ниво се’ уште трае вклучително и во Соединетите Американски држави. Затоа, ајде да зборуваме за тоа. Зошто луѓето со плашат од поединци кои се различни од нив и зошто потоа преземаат одредени активности против нив?“, прашува Агелер.

Во продолжение погледнете го целиот подкаст.