Пандемијата постави сериозни предизвици пред културните работници. Од почетокот на пандемијата, државата покажа ниско ниво на поддршка за промовирање на културата и не може да го одржи чекорот со земјите од светот.
Како се справуваат со ситуацијата на тој план, за креативноста и инспирацијата во услови на глобална пандемија, разговаравме со Игор Јосифов визуелен уметник кој живее и работи во Дубаи и Билјана Мартиновска писателка на делата „Точка на враќање” и „Куќата со жолта фасада“.
Слушнете го новиот подкаст од новинарскиот клуб на Радио МОФ кој го подготвија Александра Субашиќ и Ангела Илиевска.