За илјадници македонски семејства и за 2019 година главната желба ќе биде намалување на аерозагадувањето. Проблемот кој убива над илјада луѓе годишно во Македонија, кој стотици граѓани поттикна на активизам и кој, се чини, властите знаат како да го решат само од опозиција.
Во втората епизода на „Мегафон“ за оваа сезона (достапна на линкот погоре) се фокусираме на граѓанскиот активизам и загадениот воздух – стариот проблем, за кој во 2019 година се влегува со нови ветувања.