Ниту еден универзитет од Северна Македонија не е ни блиску до најдобрите 1000 во светот според Шангајската листа. Буџетот за високо образование и наука останува еден од најниските во Европа. Критики за квалитетот на студиите доаѓаат и од студентите и од работодавачите и од јавноста. Новините од Законот за високо образование или доцнат или не функционираат во пракса.
Оваа епизода на Мегафон ја посветивме на проблемите во високото образование, а со нашите соговорници разговаравме и за решенијата потребни за работите да се придвижат во позитивна насока. Во подкастот разговараме со повеќе студенти од УКИМ, професорите Ивица Милевски и Илија Ацески, а ги пренесуваме и главните поенти на истражувачите кои го анализираа буџетот кој се издвојува за образование и наука.