Во новата емисија „Мегафон“ зборуваме за проблемите, институционалните препреки и за општествените стигми со кои се соочува ЛГБТИ-заедницата, но и за значењето на првата Парада на гордоста што се организира во земјава.
Слушнете за приказните на штитениците од Сигурната куќа, но и за системските кочници и проблемите со документацијата на трансродовото лице Алекс Ристовски.
Исто така, зборувавме со Ирена Цветковиќ од Коалиција Маргини за услугите кои системот им ги отежнува на транс-лицата и за дискриминацијата кон ЛГБТИ-заедницата, додека со Антонио Михајлов од Субверзивен фронт за пораките кои ќе се испратат на Парадата на гордоста, но и за говорот на омраза што го следи најавениот настан.
Новиот подкаст слушнете го во плеерот: