Притиснати помеѓу европското „не“ за почеток на преговорите со Европската Унија и најавените избори за април следната година, младите од земјава ги очекува уште половина година исполнета со неизвесност.
Во оваа епизода на „Мегафон“ дискутираме како тие ја гледаат својата перспектива и какви се нивните размислувања за евроинтеграцијата.
Во подкастот ги споделуваме и одговорите кои ги добивме на нашата онлајн анкета која ја правевме изминатава недела.
Разговаравме со средношколци од SOU Goce Delcev од Валадово, евроамбасадорот Самуел Жбогар, Delegation of the European Union, Skopje, Lina Ivanova, Stefani Spirovska и Божидар Божиновски од иницијативата #СакамДаОстанам.