Новинарот Мишко Иванов е меѓу последните јавни личности кои беа мета на закани и навреди преку социјалните мрежи. Тој се реши јавно да проговори за овој проблем, охрабрувајќи и други новинари и новинарки да ги споделат пораките со говор на омраза кои стигаат во нивниот инбокс.
Која е причината за толку омраза која се шири во онлајн просторот, како граѓаните да се заштитат од ваквото сајбер-насилство и колку надлежните реагираат на оваа зачестена појава?
На овие теми покрај со Мишко Иванов, разговараме и со комуникологот Бојан Кордалов и Александар Јованоски од Хелсиншкиот комитет за човекови права.
* Оваа содржина е изработена со помош на Европската Унија во рамките на Проектот за младинско изразување. За објавените содржини е одговорен Младински образовен форум и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.