Пред четири месеци на онлајн радиото Радио МОФ започна со емитување аудио подкастот „Save our children“ (Спасете ги нашите деца), кој го води Дејан Сламков.
Преку подкастот, Дејан и неговите гости не водат низ неговиот секојдневен живот, пробувајќи да ги навигира неговите чувства, врски и пријателства како дел од ЛГБТ+ заедницата во Македонија.
Настрана од неговите искуства, Дејан разговара и за проблемите и предизвиците со кои се соочува ЛГБТ+ заедницата во Македонија, ја анализира состојбата во која се наоѓа заедницата и зборува за тоа како таа може да се подобри.
Во рамки на подкастот се објавени две епизоди, а најновата трета епизода, водителот продолжува да ги запознава слушателите со својата „coming out“ приказна, за која вели дека не е совршено позитивна.
Дејан споделува уште неколку приказни со неговото семејство и раскажува како најрелигиозниот човек во неговиот живот изреагирал на веста дека тој е хомосексуалец.
Со оваа најнова епизода, направена во рамки на менторирање на млади новинари, се затвора делот за неговото „coming out“ искуство, а подкастот фокусиран на ЛГБТИ+ заедницата продолжува со нови теми во јуни.
Овој производ е изработен во рамки на програмата за менторирање на млади новинари, како дел од проектот Fostering Youth activism through online media.