Локалното население најдобро знае што му е потребно на регионот во кој живее, но властите често забораваат што овие граѓани имаат да кажат при донесување на одлуки што директно ги засегаат. Една од алатките за зајакнување на нивниот глас е „грас рут“ активизмот. Во Македонија иако постои, сè уште не се поддржува доволно.
На темата разговаравме со Ана Чоловиќ Лешоска од невладината организација „Еко свест“. Таа неодамна ја доби престижната награда „Голдман“ за животна средина за нејзината долгогодишна кампања за спречување на изградбата на хидроцентрала во националниот парк „Маврово“ и со тоа ја заштити загрозената популација на балканскиот рис.