Од дезинформации за Преспанскиот договор и бегалската криза, до содржини против јавното здравје и безбедноста на граѓаните, последниов период голем број „лажни вести“ се ширеа преку македонските медиуми и социјалните мрежи.
Но терминот „лажна вест“ почна да се употребува многу лесно и во секојдневните политички пресметки или пак за дискредитација на одредени лица или субјекти. Што се „лажните вести“, односно дезинформациите, и на кој начин може да ги препознаете ваквите содржини на медиумите и социјалните мрежи? На овие прашања, во оваа епизода на „Што е Муабетот Со…“, разговараме со Жанета Трајкоска од Институтот за комуникациски студии.
Даниел Евросимоски