Би се откажале ли од омиленото јадење или парче облека ако знаете дека во нив има производи од животинско потекло? Некои луѓе го прават тоа со цел да ги заштитат правата и благосостојбата на животните. Една од нив е Радмила Пешева, која веќе 11 години е веганка.
Во новата епизода на „Што е муабетот со веганството?“ таа ни објаснува што точно значи веганскиот стил на живот и кои се неговите цели.