Неколку активисти од Македонија се обединети за поддршка на Пинар Селек, социолог, истражувач и писателка од Турција, која повеќе од 14 години се наоѓа во лавиринтот на судството во Турција.
Измачувана поради својата истражувачка работа, неправедно обвинувана, неколку пати ослободувана и повторно враќана во судницата, се’ уште постојат шанси Селек да биде осудена на доживотен затвор.
Одбивајќи да ги даде имињата на лицата со кои правела интервју за нејзиното истражување за прашањето на Курдите во Турција, Селек била измачувана, а процесот бил прикриен изменети извештаи и дополнителни обвинувања за други случаи, во кои постојат докази дека е неправедно обвинета.
Ваквата постапка е директно прекршување на нејзините права, обид за разбивање на нејзините залагања за човековите права и поконкретно правата на жените, нејзината работа со деца од улица, сексуални работнички, хомосексуалци, транссексуални лица и други малцинства и напад врз заложбите за мир и антимилитаризам.
Затоа, на 24 јануари 2013, на следното судско рочиште,група на активисти ќе ја дадат својата поддршка за Пинар Селек, заедно со голем број организации од целиот свет.