Германскиот саксофонист Јулиус Габриел ќе одржи свој концерт во Социјалниот центар „Дуња“, а концертот насловен „Поеми од трските“ содржи имагинарни фолк звуци, слободни импровизации и минималистичка музика за гајтофон, сопрано, тенор и двоен дрон саксофон.
Концертот на Јулиус Габриел ќе започне во 20 часот, а потоа ќе следи заеднички настап со локални музичари.
На 2 септември, по соло концертот, своја слободна џез сесија заедно со саксофонистот, ќе имаат музичарот Мартин Георгиевски, електроника и гитара, и Владимир Мартиновски, на тамбура, кавал и перкусии.
Јулиус Габриел (Германија) е саксофонист чија работа се фокусира на истражување на инструментите во сите нивни димензии, нагласувајќи го простирањето на звукот низ просторот и електроакустиката. Активно соработува со други уметници и има издадено повеќе соло албуми со широк жанровски спектар: слободни импровизации, ноиз, дрон, амбиентална, минимална , современа музика и слободен џез.
Влезот за музичкиот настан е препорачана донација од 150 денари за уметниците.