По повод двегодишнината од основањето на Светската унија на поети, Школата за поезија во Македонија ќе вечерва се организираат два поетски настани , во грамафон кафетеријата „Vynil“ во Скопје, како и поетското читање за средношколци во гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово.
Организаторите најавуваат пријатна дружба со видео проекција, официјално читање поделено во два круга и секако, слушање на ретро македонска музика по завршувањето на поетските рецитали. Освен овие настани е предвидено да се направи и првата е-книга во која ќе биде застапена авторска поезија од членовите на Школата за поезија, која ќе биде промовирана денеска.
Светската унија на поети е основана од италијанскиот кандидат за Нобелова награда за литература, писателот и поет Силвано Бортолаци. Како дел од неа функционираат делегации, односно Школи за поезија (Scuola di poesia) во неколку држави во светот, меѓу кои и во Македонија. Македонската школа за поезија почна да функционира во август 2015 година, по прогласувањето на концептуалниот уметник, поет и граѓански активист Митко Гогов за амбасадор и претставник за Македонија.
Во моментот во делегацијата на Македонија членуваат повеќе од 100 членови, а ова е нивен прв официјален настан. Освен во Македонија, вакви поетски читања ќе има во неколку држави.