Здружението на граѓани „Фад Стоби“, во својство на организатор на „Рациновите Средби“ 2016, во соработка со СОУ Гимназија „Кочо Рацин“-Велес објавија рецитаторски конкурс за сите средни училишта во Република Македонија.
На конкурсот се настапува со дописка од „Антологија на болката“ од Коста Солев Рацин, во рамките на „Рациновите средби“ 2016 и е со награден карактер.
Целта на конкурсот е афирмација на поетското творештво на Коста Солев Рацин, негување на убавото говорење поезија, како и активно вклучување на средношколците во реализацијата на поетската манифестација „Рацинови средби“.
За наградите на конкурсот ќе одлучува стручна жири-комисија. Конкурсот трае до 20 мај 2016 година.
Пријавувањето за конкурсот се врши по електронски пат на следната мејл адреса:gimkocoracin@gmail.com.