Седумнаесеттото издание на Манифестацијата „Поетско Маркукуле“ викендов се одржа во градот под Марковите кули, во организација на Клубот на литературни творци – Прилеп.
„Поетско Маркукуле“ е традиционален настан на кој што учествуваат вљубеници во поезијата, па така оваа година Прилеп беше домаќин на околу 140 поети од целата држава и 25 поети од странство.
„Прилеп повторно беше центар за славење на поезијата и убавиот пишан збор, место кое ги сплоти поетите од десетина земји и од сите градови во Македонија и повторно докажа дека оваа традиционална меѓународна поетска манифестација прерасна во препознатлив поетски бренд“, ијави претседателката на Клубот, Андриана Ристеска.
Секоја година од песните кои се презентирани на настанот се издава Зборник им се подарува на застапените автори.
Годинава, покровители на манифестацијата се Општина Прилеп, Министерството за култура и неколку домашни компании.
Првото издание на „Поетското Маркукуле“ се одржа во 2007 година по иницијатива на прилепчанецот Љубен Димкароски Димкар.