Во бифето на Факултетот за драмски уметности во Скопје, во петок (26 април) со почеток од 20 часот ќе се одржи поетско-музичка вечер во чест на Светскиот ден на џезот.
Настанот ќе биде уметничка фузија на музиката и пишаниот збор, каде поезија ќе читаат студенти од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, а џез ќе свират музичари од Факултетот за музичка уметност.
Повеќе детали за настанот може да најдете тука.