Битолската иницијатива Поинаку, која има свои членови во Советот на Битола, информира дека одржале работна средба со директорката на ЈП „Комуналец“, Гордана Наумовска.
Габриела Илиевска, Иван Чулакоски и Алмир Адемоски на Наумоска и доставиле листа на барања од иницијативата, но и барања од граѓаните што биле доставени до советниците.
„Ги мапиравме дивите депонии во градот и околината кои мора во најскоро време да бидат исчистени, побаравме санација на возилата за собирање на отпад, како и промена во распоредот на собирање на истиот, секојдневно миење и чистење на улиците, како и формирање на Комунална редарска служба. Разговаравме и за останати проблеми со кои се соочуваат граѓаните секојдневно“, соопштува Поинаку.
Од иницијативата велат дека реализацијата на нивните барања ќе ги следат секојдневно, но и ќе ја дополнуваме листата согласно барањата и потребите на сограѓаните.
Во продолжение барањата на иницијативата: