Полјаците излегоа на улица за да одбележат една година откако судот ја воведе забраната за абортус во Полска. Уличните протести се одржаа во Варшава и други градови, но тие не ја надминаа излезноста од претходните протести, кои беа најголеми во три децении.
Минатата година, Судот одлучи дека абортусот поради аномалии на фестусот, дури и кога фетусот ќе умре при раѓање – е неуставен.
Тоа значи скоро целосна забрана на абортусот. Легални се единствено абортусите кои се практикуват при силување и инцест, или доколку животот на жената е во опасност.
Ваквиот закон го донесе полската владеачка партија „Закон и правда“. Од партијата, истакнуваа дека нивната цел е спречување на абортусите каде кај фетусите се препознава Дауновиот синдром, кој беше една од значајните причини за дотогашните абортуси во Полска.