Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева попладнево е приведена од полицијата, од нејзиниот дом во скопската населба Козле.
Вчера, Јанева како сведок се појави на распит за случајот „Рекет“, во кој засега се обвинети и притворени Бојан Јовановски (Боки 13) и Зоран Милески (Кичеец).
Во „Рекет“ тие се сомничат за изнуда на пари од бизнисменот Јордан Камчев, инаку еден од обвинетите во случајот „Империја“, кој го води СЈО. Италијанскиот весник „Ла верита“ претходниве денови објавуваше видео и аудио снимки поврзани со аферата, во кои се гледа како Јовановски изнесува торба од домот на Камчев.
Претходно, на 15 јули, Катица Јанева поднесе оставка од функцијата во Специјалното јавно обвинителство (СЈО), во ист ден со апсењето на Јовановски и Милевски.
СЈО беше инспирација за протестите на т.н. „Шарена револуција“ во кои се бараа правда, а секојдневните протести почнуваа од пред седиштето на СЈО.