Претставниците на пакистанската владејачка партија заборавија да го исклучат „cat filter“ за време на прес-конференцијата која беше емитувана во живо преку Фејсбук.
Пакистанскиот политичар Шаукат Јусуфзаи и неговиот колеги се појавија со „cat filter“ за време на прес-конференцијата. Министерот за информации, Јусуф Шаукат Заи и член на владејачката партија во Пакистан на конференцијата пренесувана на социјалните мрежи разговарале со локалните новинари.
Настанот станал чуден кога ушите и мустаќите на мачката се појавија на главата на министерот.
Авто-филтерот потоа го фатил и неговиот колега, чие лице исто така добило мачји уши и мустаќи.
So this happened today when PTI’s SM team forgot to turn off the cat filter while live streaming a press conference on Facebook. @SAYousafzaiPTI looks kinda cute pic.twitter.com/IjjJrua7DL
— Ahsan Hamid Durrani (@Ahsan_H_Durrani) June 14, 2019
Видеото брзо стана вирално на социјалните мрежи, но подоцна е избришано од официјалниот сајт на оваа политичка партија.