Политички ПМС во среда во МКЦ

Младински образовен форум организира целодневен настан на тема политички партии, модели и системи (ПМС), во среда (26 август), во Младинскиот културен центар.

Целта на настанот е да понуди основно теоретско знаење од областа на политиката но и простор за дискусија за како политичкиот дискурс влијае на младите, особено онаму каде системот се соочува со криза.

Најавени се трите панелни предавања:  Политички системи, Политички системи и Политички модели.

Предавач на темата за  политичките системи ќе биде Марко Кртолица, асистент на катедрата по уставно право и политички систем на Правниот факултет во Скопје, додека за изборните модели ќе говори Дарко Алексов, извршен директор на граѓанската асоцијација МОСТ.

Предавањата ќе бидат проследени со јавна дебата на тема „Гласањето (не) треба да биде задолжително“.

Бројот на учесници на панелните предавања е ограничен, а сите заинересери може да аплицираат на следниот ЛИНК.