Група невладини организации и образовни експерти упатија здружена реакција против приватизација на македонските државни универзитети.
„Покрај политичките и економските фактори, кои честопати се неизбежни поради околностите во нашата земја, еден од најзагрижувачките фактори, според нас, останува тенденцијата и апетитот на некои луѓе на чело на овие институции, поточно на ректорите, да ги приватизираат. Како претставници на граѓанскиот сектор, сметаме дека образованието е столб на едно општество и како такво треба да го има сето внимание на институциите и останатите фактори и чинители на општеството“, се вели во здружената реакција.
Нејзе ја поддржаа Форумот за образовни промени (ФОП), Центарот за образование и развој, Дигитализација на образованието, Здружение за мултикултурна интеграција и инклузија, СФЕРА, Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП), Еколошката младинска организација и Националниот младински совет на Македонија.
Тие бараат создавање независен одбор кој ќе го мери успехот на македонските државни универзитети во држава.
„Политиката да ги држи рацете подалеку од изборниот процес за ректор на државните универзитети во Северна Македонија. Наместо тоа, лидерите на образовните институции да им служат само на студентите (не на политичарите). Да се запре практиката на избор на ректор од одредена група, затворена во некоја просторија на универзитетските кампуси. Кандидатите за ректор да ја претстават својата програма и стратегија за развој на универзитетот пред студентите и професорите“, гласат дел од нивните барања.
Во реакцијата се наведува дека државните универзитети мора да бидат транспарентни и квалитетни. Од овие невладини велат дека граѓанското општество не треба да молчи против деградацијата на квалитетот на високото образование.