Новинарите се спречени да протестираат пред Музејот на ВМРО, откако полицијата со обрач околу објектот им забрани да се доближат до влезот. Најавениот мирен протест поради ограничувањето на слободата на изразување и драконската затворска казна за новинарот Томислав Кежаровски, мораше да се пресели зад Музејот, каде движењето е дозволено само надвор од полицискиот обрач.
Репортерот на Радио МОФ сведочи за стотина полицајци распоредени на просторот пред Музејот и околу триста новинари и граѓани кои излегоа да дадат поддршка на протестот.
Дел од новинарите кои се обидоа да поминат покрај кордонот, беа избуткани од полицијата.