Турската полиција уапси најмалку 25 граѓани, корисници на социјалната мрежа Твитер од Измир, со обвинение за кривичното дело „повикување на бунт и промовирање јавна омраза и непријателство“. Ова е првпат власта да апси корисници на социјални мрежи, иако тие досега се жалеа на притисоци и закани од полицијата. Полицијата извршила рација во вкупно 38 домови за да ги најде осомничените, а се уште трага по најмалку десетмина од нив.
Антивладините протести во Турција траат веќе шест дена, а овие апсења доаѓаат два дена откако премиерот Реџеп Таип Ердоган јавно го прогласи Твитер за „државен непријател“, кој заедно со „екстремистите, странските агенти и пијаниците“ е одговорен за насилните немири кои ја потресуваат Турција изминатава недела.
Извор: RT.com