Полноќно лансирање на „Starcraft II – Heart of the Swarm“

По полноќното лансирање на Diablo 3, паралелно со светската промоција, во Македонија ќе се случи нова официјална промоција на најновата игра на Blizzard Entertainment – продолжението на „Starcraft II, Heart of the Swarm“.

Полноќно лансирање на „Starcraft II - Heart of the Swarm“
Целиот настан ќе се случува вечерва (11 кон 12 март) во продавницата на „Нико компјутери“ во ГТЦ (сутерен), паралелно со слични промоции во светските метрополи: Берлин, Лондон, Моксва, Парис, Стокхолм, Варшава….

Ќе биде организирана и наградна игра и квиз прашања, како и мини турнир во Starcraft II.
Продавницата ќе биде специјално отворена по работното време (од 22:00 до 01:00 часот), кога посетителите и љубителите на играта ќе можат да си ја купат заедно со останатите гејмери ширум светот.

Наградната игра ќе биде и за посетителите и за оние кои веќе си ја порачале својата копија.
Фондот на награди кои ќе бидат доделени е:
• Колекционерска верзија од Starcraft II: Heart of the Swarm
• Продукти од целокупниот асортиман на НИКО Компјутери
• Гејмерски хардвер и друго.

Се очекува да има повеќе од 100 посетители, фанови на играта како и љубители на целата гејмерска култура.

ИНФОРМАЦИИ/РЕЗЕРВАЦИИ: (02) 322 30 80
или на ФБ-страницата на Нико компјутери.