Вработените во Музејот Теру, во градот Елн во јужна Франција, откриле вкупно 82 слики кои биле сметани за дело на уметникот, но биле фалсификати.
Повеќе од половина од нивната колекција се испоставило дека е фалсификат, додека цената на сликите изнесува околу 160 илјади евра.
Советот на градот Елн ги купувал сликите и цртежите за потребите на музејот 20 години.
Теру е роден 1875 година во Елн, каде што и починал во 1922 година. Иако поголемиот дел во животот го поминал во градот Русилон. Тој бил близок пријател на сликарот Анри Матис.
Некои од сликите прикажуваат објекти кои се изградени дури по смртта на Теру.
Вработените не биле свесни за фалсификатите се додека на тоа не им укажал Ерик Форкада, историчар на уметност, кој го контактирал музејот пред неколку месеци со сомнеж за автентичноста на сликите.
Музејот свикал комитет составен од експерти од културниот свет, кои ги провериле делата и утврдиле дека 82 од нив не се насликани од Етјен Теру.
Во интервју, градоначалникот на Елн, Ив Барниол, изјавил за случајот дека е „катастрофа“ и се извинил на посетителите на музејот.
Локалниот совет веќе испратиле жалби против набавувачите, сликарите и трговците со лажните слики, а локалната полиција го истражува случајот.