Полската писателка Олга Токарчук е добитник на Mеѓународната Букерова награда за романот „Flights“, во кој се опишуваат патувања меѓу времето, просторот и човековата анатомија.
Романот на Токарчук ги комбинира приказните за модерното патување со приказната за анатомистот од 17-от век кој прави дисекција на сопствената ампутирана нога и патешествието на срцето на композиторот Фредрик Шопен од Париз во Варшава по неговата смрт.
Меѓународната награда Букер се доделува за странски публикации преведени на англиски и објавени во Велика Британија. Наградата од 67 илјади долари рамномерно се подели меѓу Токарчук и преведувачката Џенифер Крофт.