Полската владејачка десничарска партија „Закон и правда“ го загуби парламентарното мнозинство, откако еден мал коалициски партнер ја напушти коалицијата поради загриженост околку законите за медиуми, пренесува „Euronews“.
Премиерот Матеуш Моравиецки во вторникот го исфрли од владата шефот на партијата „Договор“, вицепремиерот Јарослав Говин.
Веќе во средата, „Договор“ ја напушти владината коалиција.
Причина за партискиот спор е несогласувањето на партиите за законот за медиуми со кој ќе се спречи медиумски сопственици од неевропски држави да имаат контролен удел во полските медиумски компании.
Предложениот закон се смета за обид да се замолчи независниот телевизиски радиодифузер во сопственост на САД, кој е критички настроен кон владата.
Со усвојувањето на законот, американската компанија „Дискавери АД“ ќе мора да го продаде својот контролен удел во ТВН, мрежа со многу канали и водечка вечерна програма која секојдневно ја гледаат милиони жители во државата.
Партијата „Закон и правда“ се чинеше подготвена да ги собере гласовите од пратениците од опозицијата, вклучително и од „Конфедерација“, мала партија составена од слободарски и националистички политичари.